top of page
Search

Почитувани, ИМАМЕ ПРОБЛЕМ! Толку многу луѓе играат игри, гледаат филмови и серии но не го употребуваат тоа искуство. Како?!

Дали знаете некоја стаза од некоја игра, подобро од вашето маало?


Дали во некој филм сте предвиделе момент што ќе се случи?

Дали во некоја серија го знаете фамилијарното дрво подобро од вашето?

Тие што гледаа Game of Thrones секоја чест...

И финално во моментов дали може да се потсетите на вашиот најголем емотивен момент креиран од некоја игра, филм или синематик?

Замижите.........


Дали се наеживте? Ве допре емотивно или пак имавте адреналински испад за секунда? - Доколку да мило ни е што ја имаме истата пасија!


Не се претставив јас сум Стефан Митров CEO на М3ДС Академијата, сеуште незнам да цртам но сепак можам до допрам до вашите срца.

Филмовите и игрите се мојата пасија а денеска се и моја професија.


 

Започни со Freelance курсот за 3Д Артисти:

  • Времетраење: 4 Месеци

  • Часовите се на: EN и МК (Discord)

  • Месечна рата до: 50e

  • Не е потребно претходно знаење


Кој е главниот бенефит од курсот?

  • Ќе го изградите вашето прво портфолио, во нашата индустрија не ви треба никаква формална диплома, туку само вашето портфоло. (Колку повеќе вложите време во вашето портфолио толку повеќе ќе бидете платени).

  • Ќе научите како да аплицирате и работите на странски проекти. Просечно платен проект во 3Д е 600е, вашата инвестиција може да се врати дури по првиот проект.

  • Клучен момент! доколку се вклучите во нашата индустрија нема да сакате да искочите, поточно пасијата нема да ви дозволи.

  • Секој печетокот е најтежок, но ние сме тука да ви помогнеме во секој чекор по патот.


Ве поканувам да закажете состанок online или во живо за да разговараме за вашата пасија, за вашите најомилени моменти што ве инспирирале. Со тоа ќе го откриеме кој е вашиот скриен талент и како да заработувате од него.


Доволно искуство собравте од игрите и филмовите, време е да си ја вратите инвестицијата и заедно да работиме на пасијата.



За повеќе информации Ве молиме обратете ни се на info@m3dsacademy.com или телефонскиот број 075 445 680




Погледнете што се случува зад сцената на одлично изработен 3Д принт

 

За да се изработи еден 3Д принт, потребно е моделот кој би сакале да се 3Д испечати да измине низ подготовка со процес на моделирање, средување на полигони и геометрија, внимавање на размерот и волуменот на моделот.

Во овие фази се додаваат и детали на моделот, а потоа следува и подготовката за 3Д печатење, каде се одредуваат точните димензии. Доколку станува збор за покомплициран модел, по завршување на 3Д печатењето. тој мора да измине и низ пост-процес на чистење на принтот од support материјали. За посложени принтови, секогаш при самиот процес на 3Д печатење се печатат и дополнителни столбови заедно со главниот принт, кои помагаат за добивање на совршената финална форма. Особено е важно и неопходно нивното поставување на високи делови од 3Д моделот, како и одредени области кои имаат повеќе детали. По 3Д печатењето овие дополнителни столбови (supports) лесно се отстрануваат, по што се добива одличниот финален резултат. Целиот пост-процес го снимивме во timelapse видео. Уживајте:


English
bottom of page