M3DS_Frelance_Baner_Vlada2.png

ВАШИОТ ПРВ РЕАЛЕН ПРОЕКТ НА UPWORK

AUTODESK МЕЃУНАРОДНА СЕРТИФИКАЦИЈА

80 СПЕЦИЈАЛИРИЗИРАНИ ЧАСОВИ  (ОНЛАЈН НАСТАВА)

НАУЧИ
КРЕИРАЈ
СТАНИ ФРИЛЕНСЕР

М3ДС Академијата ви ги отвора вратите кон филмската и гејминг индустријата и ви нуди шанса да го остварите вашиот сон, со креирање имагинарни карактери или ваша видео игра!

М3ДС Академијата е академски партнер со Autodesk Training Center, а сертификатите издадени по успешно завршен курс се меѓународно признаени и лиценцирани директно од Autodesk.

М3ДС Академијата е препознатлива преку нејзиното вложување на сите ресурси и знаење во студентите.

Во овој WarmUp курс, студентот ќе има шанса да го научи целиот процес на креирање модели на брз и ефективен начин, доволен за да може веднаш да го изработи својот прв Freelance проект.

Честа забуна на студентите кои се пријавуваат во М3ДС е тоа што сметаат дека треба да поседуваат некое предзнаење во 3Д индустријата за да се вклучат на нашата програма. Но, М3ДС Академијата прифаќа студенти кои немаат никакво предзнаење или имаат некои основни вештини.

Нашата програма е наменета за специјализација од почетно ниво до напредно, а студентот не смее да пропушти ниту еден наставен час за да стане професионален артист.

Секој М3ДС студент кој не пропуштил ниту еден час и ги завршил сите зададени задачи,
сега е вработен!

Но ... се разбира, има милион причини да се пропушти час или задача, од тие причини создадовме:

  • Специјално време на часовите:

GMT + 2: 11:00 - 14:00 / 15:00 - 18:00 / 18:00 - 20:30 часот

  • Студентите имаат право на дополнителни часови ако пропуштат час или ако им треба дополнителна помош, еднаш неделно, со претходен договор со назначениот инструктор.

Започнете ја својата кариера во фантастичниот свет на 3Д графиката, дизајнот и анимацијата преку WARM UP Курсот во М3ДС

М3ДС е партнер со Epic Games и соработуваше со многу други светски студија, како што се Disney, Substance, Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Industrial Light & Magic, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo, и многу други. Преку овие соработки даваме шанса на нашите студенти да научат од врвни професионалци ширум светот.
Погледнете повеќе на
www.m3conference.com

Подолу разгледајте ги деталите за наставната програма на
WARM UP Курсот

level.png

НИВО

ПОЧЕТНО ДО СРЕДНО

12.png

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

4 МЕСЕЦИ

80.png

БРОЈ НА ЧАСОВИ

НАД +80 ЧАСА

3-weeks.png

ФОНД НА ЧАСОВИ

3 пати неделно

duration.png

ПОЧЕТОК - КРАЈ

30 / ОКТОМВРИ / 2021 година

10 / ФЕБРУАРИ / 2021 година

benefits.png

ПРИДОБИВКИ

ВАШИОТ ПРВ FREELANCE ПРОЕКТ НА UPWORK 

payment.png

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

ДО 12 МЕСЕЦИ

Certification_white.png

СЕРТИФИКАЦИЈА

AUTODESK ADVANCE
МЕЃУНАРОДНА СЕРТИФИКАЦИЈА

 
Post_BG.jpg
stefan-mitrov-tranformer.jpg

За почеток на WARM UP курсот, ќе ја користиме програмата Autodesk Maya, која важи како индустриски стандард.

Autodesk Maya овозможува да креирате широк спектар на динамични и сложени модели - од оружје и околини, до суштества и карактери.

Совладајте целосен пакет алатки, за да произведувате неверојатни модели и да го покажете максимумот на вашата креативност.

Важни цели што ќе ги постигнеме на WARM UP курсот се:
 

  • Учење на основите / средните алатки на Autodesk Maya

  • Учење на работниот тек на геометријата за индустријата за игри и филм

  • Создавање и работа со комплексна геометрија

  • Истражување на анимацијата

  • Создавање на вашите први модели

  • Работа со деформери

  • Разбирање како функционира геометријата со Blend Shapes

  • Учење на работниот тек помеѓу софтверите

Maya_Icon.png

ODELING

... следен е одделот за вајарство, каде што артистот се вљубува во својата креативност.

Zbrush-Interface.jpg
 

ZBrush е најнапредната програма за дигитално скалптање. Тоа што го одделува од другите 3Д-алатки е што ZBrush имитира традиционални техники на вајање, сите направени дигитално на компјутер.

Скулптирање во ZBrush е исто како да работите со дигитална топка од глина, да го обликувате предметот на начин како би го работеле рачно.

Во овој дел од процесот на моделирање, ќе научите како да го користите ZBrush како алатка за креаирање органски модели и hard surface модели.

Концепт-моделот потоа ќе послужи како водич за создавање чиста геометрија со помош на алатките за ретопологија на Maya. Процесот ќе се финализира подоцна со учење на сите достапни карактеристики на текстурирање со Substance Painter. 

хмм ... сфаќаме дека е малку тешко да се разбере како работи оваа програма ...

па затоа инструкторите од М3ДС

подготвија видео за да ви помогне.

Sculpting.png

CULPTING

„Имајте на ум дека најдобриот уметник во скулпторската индустрија
нема голема способност за цртање! “

uV_LAUOT.png
Uv.png

мапирање

UV мапирање е процес на 3Д моделирање на проектирање на 2Д слика

(слика 2 ) на површина од 3Д модел (слика 1 ) за мапирање на текстура. Ова е од суштинско значење за текстурирање, но самиот процес не е многу интересен.


UV може да се направи во повеќе програми, но со новите алатки на „Autodesk Maya“ имаме предност да создадеме брзи UVs со индустриски стандард.

 

Ако не создадеме UV како што треба, не би можеле да ги текстурираме нашите модели професионално.

Но, не грижете се! Ние го објаснуваме UV мапирањето на најкристален начин. лесен за следење, преку кој никогаш повеќе нема да имате проблеми со UV мапирање.

Никогаш порано учењето на UV не било толку лесно и брзо!

Uv_maping.png
 

Оддел за текстурирање „RIP графички картички“

Slider_Dragon.jpg

Со Substance Painter, ќе научите способности да ги направите реалистични вашите креации, користејќи материјали од реалниот свет, со само едно притискање на копче. Ќе можете да ги комбинирате материјалите преку вашиот модел за да создадете зачудувачки уметнички дела,, во многу кратко време.

Скоро секое студио за игри на ААА користи Substance Painter, што го прави индустриски стандард за физички засновано рендерирање на материјали.

Тука ќе започнеме со основните работи, покажувајќи како да креирате проект и да импортирате објекти, како и да го користите интегрираниот систем за правење bake.

 

  • Fundamentals of Substance Painter

  • Normal & height map ( transferring the maps from Zbrush ) 

  • PBR metal/rough & spec/gloss

  • Alphas, textures, and shapes

  • Smart materials

  • Creating your own custom materials

  • Export for Unreal Engine, Unity...

texturing.png
Substance_Painter_logo.png
 

Вашиот ПРВ РЕАЛЕН ПРОЕКТ на фриленс платформа

Upwork.png

YOUR FIRST FREELANCE PROJECT ON UPWORK

UPWORK е една од најголемите фриленс платформи.


Како и со повеќето фриленс сајтови, работата за наоѓање на клиенти зависи најмногу од вас. Клиентите вообичаено објавуваат работни задачи што сакаат да ги завршат. Потоа, наддавате за работните места на кои сакате да работите, испраќајќи предлог до клиентот.

 

Со WARM UP курсот ќе бидете подготвени да започнете со работа и да работите на мошне интересни проекти!

Сертификација
Без портфолио нема сертификација

 
Autodesk.png

Кога студентите го завршуваат Warm Up курсот, тие мора да обезбедат проект за дипломирање, односно согласно овој курс тоа би биле изработени и текстурирани модели, и секако нивниот прв freelance проект кој веднаш би се вметнал во нивното портфолио.

 

Кога студентот успешно ќе ги заврши практичните задачи, доставувајќи го финалниот проект и нивното портфолио, секој студент ќе може да добие меѓународен сертификат за завршување од Autodesk Training Center.

Како овластен специјалист ќе биде внесен во базата на податоци на Autodesk Certified.

ВНИМАНИЕ!
Студентското портфолио е најважниот аспект на целото завршување на WarmUp курсот, каде студентот ја покажува својата најдобра работа.